Фудбал

Барса ги мерка Лаутаро и Холанд како замена за Суарес

21. ноември 2019 - 15:47 | Ф.З.

За тимот на Ернесто Валверде трансфер цел број еден наредното лето ќе бидат голгетерите Лаутаро Мартинес и Ерлинг Браут Холанд во кои треба да се бара наследникот на Луис Суарес.

Уругвајскиот напаѓач е веќе 32-годишен и Каталонците уште отсега размислуваат долгорочно, некој наскоро ќе мора да го замени.

Како што пишува Goal, мета број еден за Барселона е напаѓачот на Интер, 22-годишниот Лаутаро Мартинес како и тинејџерското норвешко чудо Ерлинг Браут Холанд.

Со заминувањето на Мауро Икарди, Лаутаро не само што се зацврсти во првиот тим на Интер под Антонио Конте, туку и се избори за стандардно место во репрезентацијата на Аргентина. Сезонава на 16 натпревари постигна 8 голови и запиша две асистенции во црно-синиот дрес. Има договор до јуни 2023 година, а Интер наскоро планира да му понуди нов побогат договор во кој ќе вметне и откупна клаузула од вртоглави 200 милиони евра.

Од друга страна, пореален изгледа ангажманот на 19-годишниот Норвежанец Холанд кој растура во дресот на австрискиот Салцбург. На 18 натпрревари постигна 26 голови вклучувајќи и 7 во Лигата на шампиони, како и 6 асистенции. Тој би ги чинел Каталонците дупло помалку од Лаутаро, но за него интересот е голем па Барса ќе мора да се наддава со Јувентус, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид кои досега пројавија интерес. Ништо чудно до лето и уште неколку други европски великани да се вклучат во трката по неговиот потпис. Договорот на Холанд со Салцбург е исто така до јуни 2023 година.

Коментирај