Барса го сака назад Меси и има план како да го врати на лето

Барселона ќе се обиде на крајот на сезонава во Каталонија да го врати Лионел Меси, пренесува Mundo Deportivo.

Меси предминатото лето како слободен играч се пресели во ПСЖ со кој има договор до јуни наредната година. Веќе има понуда да го продолжи договорот со парижаните, но сѐ уште се нема изјаснето.

Шпанските медиуми истакнуваат дека челниците на Барса можното враќање на Меси го анализираат од финансиска гледна тоичка бидејќи имаат ограничувања на платите, а тука е и финансискиот фер плеј на УЕФА.

Тренерот на Барса, Чави Ернандес, не би имал ништо против Меси да се врати во тимот од „Камп Ноу“, но прашањето е дали Аргентинецот би се вклопил во новата тактика на каталонскиот клуб.

Mundo Deportivo наведува дека раководството на Барселона ги разгледува различните опции за соработка со Аргентинецот, а планираат да му организираат и свечена церемонија на „Камп Ноу“ кога ќе се врати. Барселона е подготвена на Меси да му понуди и да биде клупски амбасадор.

Шпанските медиуми потсетуваат дека Аргентинецот порача дека за сите понуди ќе се изјасни по Мундијалот во Катар, каде оди со амбиции конечно да го освои трофејот кој му недостасува, Божицата на победата на ФИФА, која пак Арегентина ја сонува од 1986 година.

35-годишниот Меси во Барса дојде во 2000 година, а за првиот тим одигра 778 натпревари и постигна 572 гола. Со Барса освои 34 трофеи.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе