ЛА ЛИГА 2019/20

Барса им се врати на победите, рекорди за Меси и Фати

Тимот на Барселона им се врати на победите по двата кикса во серија откако синоќа славеше на гостувањето кај Виљареал.

Натпреварот почна лошо за домаќините откако уште во 3. минута Пау Франсиско Торес си постигна автогол. „Жолтата подморница“ брзо се опорави од раниот шок и во 14. минута израмни преку Жерард Морено.

Сепак, нивната радост траеше кратко откако шест минути подоцна на асистенција на Лео Меси ново водство за Каталонците донесе Луис Суарес.

На истекот од првите 45 минути одново Меси со асистенција, овој пат за Антоан Гризман кој постигна убав гол за 1:3.

Со овие две асистенции се Меси дојде до бројката од 19 сезонава, што за него е личен рекорд. Во сезоните 2010/11 и 2014/15 Аргентинецот имаше 18 асистенции по сезона.

На 4 минути пред крајот младиот Ансу Фати го постави конечниот резултат од 1:4 при што воедно тој го постигна и јубилејниот гол број 9.000 во историјата на клубот.

Remote video URL

Со оваа победа Барса и натаму е на минус 4 од лидерот Реал Мадрид, но барем не дозволи ново зголемување на разликата.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе