Барса мерка пет бесплатни играчи - сите заедно вредат 180 милиони евра

Финансиската слика на Барселона никогаш не била полоша. Клубот должи вкупно 1,35 милијарди евра, а само минатата сезона го зголеми долгот за 481 милион евра.

Тимот на Барселона не делува толку моќно како порано, а претседателот Жоан Лапорта се обидува да ги поврзе работите за да ја направи Барселона посилна во наредните сезони.

Mundo Deportivo пишува дека Барселона следното лето ќе се обиде да донесе пет играчи, бесплатно. Каталонскиот клуб е насочен кон играчи чиј договор истекува на крајот на сезоната.

Голманот Андре Онана (25) од Ајакс е прв на листата и според Transfermarkt вреди 17 милиони евра. Барселона би презела двајца играчи од Челзи. Тоа се бранителите Цезар Аспиликуета (32) и Антонио Рудигер (28). Шпанецот вреди 13 милиони евра, а Германецот 35 милиони.

Барселона ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред со доаѓањето на Пол Погба (28) од Манчестер Јунајтед и Франк Кеси од Милан (24). Според Transfermarkt, цената на Погба е 60 милиони евра, а на Кеси 55.

Сите наведени играчи сѐ уште не ги продолжиле договорите со своите клубови и Барселона чека шанса. Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија пристигнаа во Барселона на ист начин во пресрет на оваа сезона.

реклама

Фудбал

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе