Барса може да остане без победата против Осасуна, само едно парче хартија може да ја спаси

Барселона синоќа ја совлада Осасуна со 3:0 и го задржа првото место во Ла Лига, но може да остане без трите бода доколку жалбата на гостите биде уважена.

Имено, Осасуна се подготвува да поднесе жалба бидејќи постои сомнеж дека Барселона го прекршила правилото на ФИФА за задолжителен одмор на играчите откако ќе се повлечат од националниот тим поради повреда.

Работата е во тоа што Ињиго Мартинес синоќа играше за Барселона, а според правилата на ФИФА не му беше дозволено да игра.

Играчите кои поради повреда ја напуштаат репрезентацијата не смеат да играат за клубот додека не поминат 5 дена од последниот натпревар во репрезентативниот прозорец.

Шпанија во неделата играше против Холандија во Лигата на нации, што значи дека до натпреварот Барселона - Осасуна во четвртокот поминаа четири, а не пет дена.

Мартинес на тој натпревар не настапи за Шпанија поради повреда која ја заработи на мечот против Атлетико.

„Ињиго Мартинес е повлечен од репрезентацијата на Шпанија поради повреда на коленото, која ја пријави Барселона. На негово место тренерот Луис де ла Фуенте го повика Дин Хујсен од Борнмут“, соопшти Кралската шпанска фудбалска федерација пред натпреварите на националниот тим, но од соопштението не е јасно дали Барселона во име на Мартинес побарала тој да биде ослободен од репрезентативната должност.

Жалбата на Осасуна ќе падне пред комисијата на Ла Лига само доколку Барселона покаже доказ дека Мартинес бил испратен дома од шпанскиот селектор.

Доколку играчот поднел барање да го напушти репрезентативниот камп, Барселона ќе ги загуби трите бода освоени на теренот.

реклама

Научно објаснето: Еве како читањето го менува мозокот

Read more
Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Вработените во „Југохром“ бараат рестартирање на фабриката

Read more
Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Конго: 11 убиени при упад во затвор, 930 затвореници избегале

Read more
Компир салата со туна

Компир салата со туна

Read more

Фудбал

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Read more

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Read more

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Read more

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси со една реченица ја зголеми вредноста на акциите на Coca-Cola

Читај повеќе

Мато се договори со Хартс, а Вардар го продаде во МЛС да игра против Меси

Читај повеќе
  • play_arrow

Максимилијан Ибрахимовиќ ќе се докажува во Ајакс

Читај повеќе

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Читај повеќе

Клоп нема намера да работи како тренер

Читај повеќе
  • filter

Конте суспендиран и казнет со 15.000 евра

Читај повеќе

Карик го презема Јунајтед и веднаш носи засилување во средниот ред

Читај повеќе