Фудбал
ЗИМСКИ ТРАНСФЕР ПЕРИОД 2020ж

Барса порачува: Видал и Ракитиќ не одат никаде

21. јануари 2020 - 16:31 | Ф.З.

Со промената на тренерското столче има промена и во трансфер политиката. За новиот тренер недопирливи се Видал и Ракитиќ.

Ако на големко се зборуваше за нивно заминување и ако постоеше и најмала шанса тоа да се случи, сега веќе такво нешто не постои.

Кике Сетјен не е Ернесто Валверде. Артуро Видал немаше добар однос со Валверде и затоа флертуваше со Интер каде работи неговиот поранешен тренер Антонио Конте. Но, сега работите се сменија бидејќи Сетјен сериозно смета на Чилеанецот.

Како што открива Mundo Deportivo, не е само Сетјен причината за останувањето на Видал. Тоа се Лео Меси и Луис Суарес кои самите го убедувале Видал да остане потенцирајќи му колку важен дел од тимот е.

Слично е и со Иван Ракитиќ. Хрватот не жалеше многу по ненадејното заминување на Валверде, а под Сетјен веднаш се врати во првите единаесет.

Барса нема намера да ги продава двајцата, барем не на десет дена пред крајот на зимскиов преоден рок. За Ракитиќ се шпекулираше со можна трампа со Јувентус во која Барселона би го добила Федерико Бернардески, но такво нешто нема да се случи.

Коментирај