ЛА ЛИГА 2020/21

Барса во 90-та ја стопи предноста на Атлетико

Борбата за титулата во Шпанија повторно е отворена откако лидерот загуби, а Барселона со гол во последната минута дојде до три бода и се најде на чекор од врвот.

Во саботата лидерот Атлетико загуби на гостувањето кај Севиља со минимални 1:0, со што им отвори шанса на конкурентите Браселона и Реал Мадрид да го стигнат.

Remote video URL

Синоќа Барса го играше својот натпревар од ова 29. коло, а едвај со гол постигнат во 90-тата минута успеа да го скрши отпорот на Виљареал. Голот беше дело на Усман Дембеле.

Remote video URL

Со таа победа и поразот на мадриѓаните, сега ситуацијата на врвиот е неизвесна бидејќи Атлетико има 66 бода, Барса е втора со 65, додека Реал Мадрид и трет со 63. „Кралевите“ викендов со 2:0 славеа над Еибар.

Веќе наредниов викенд на програмата е дербито Ел Класико кога в сабота од 21 часот Реал Мадрид ќе ја пречека Барса, а наредниот ден Атлетико има уште едно гостување во Севиља, но овој пат кај Бетис.

Ваквиот изглед на табелата е најмногу поради одличната серија на Каталонците кои се во налет со 6 последователни победи во Ла Лига, серија која почна после оние срамни 1:1 дома со Кадис.

Лидерот Атлетико почна да ја губи разликата кога ја прекина победничката серија на почетокот од февруари. Оттогаш на осумте натпревари забележа 4 победи, 4 нерешени и 2 пораза.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе