Шпанскиот гигант Барселона ќе му понуди 20 милиони евра на Арсенал за трансфер на германскиот репрезентативец Месут Озил во јануари, пренесува Мундо Депортиво.
Како што се пренесува, Каталонците не сакаат да чекаат до јули кога Озил, на кого му истекува договорот би можеле да го добијат без оштета, а 20 милиони е сосема солидна цифра за и Арсенал да го пронајде интересот од овој договор.
Озил би требало да биде долгорочна замена за Иниеста, кој најверојатно ја игра својата последна сезона во дресот на Барселона.
Месут Озил направи трансфер во Арсенал од Реал Мадрид во 2013 година за 50 милиони евра, а претходно настапуваше за Шалке и Вердер.
За Германија, со која ја освои титулата првак на светот во 2014 година во Бразил, одигра 88 натпревари и постигна 22 гола.