Барселона донесе бразилски вундеркинд со 300 милиони откупна клаузула

Тинејџерот напаѓач е новата голема надеж за тимот од „Камп Коу“ за што говори и вртоглавата сума која Барса ја стави како откупна клаузула во неговиот договор.

Се вика Густаву Маја да Силва и е непознат за фудбалските фанатици на Стариот Континент. Но, скаутите на Барселона пресметале дека тој е идна ѕвезда, па Каталонците веднаш се пазарија со неговиот клуб Сау Паулу. Трансферот не е воопшто скап со оглед на тоа што Бразилците добија само 4,5 милиони евра.

Надежниот напаѓач, сепак, прво ќе игра во вториот тим, односно Барса Б. Но, дека Каталонците имаат големи очекувања од него говори фактот дека во 5-годишниот договор Маја има откупна клаузула од цели 300 милиони евра.

„ФЦ Барселона се договори со Сау Паулу за трансферот на Густаво Маја за во Барса Б. Репрезентативец на Бразил во У16 и У17 репрезентациите, тој е брз и подвижен крилен напаѓач кој обично игра по левата страна, иако е деснак. Добар е во дриблинзите, и во оние од место и во оние при трчање, а има и силен шут што го прави многу опасен“, објави клубот на својата официјална веб-страница.

Роден е во главниот град Бразилија на 22 јануари 2001 година, а на гигантот Сау Паулу му се приклучил на 14-годишна возраст. Најдобрата сезона му била во 2018 кога во младинските категории на 36 натпревари постигнал 30 голови.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе