Фудбал

Барселона ќе му понуди доживотен договор на Меси

22. октомври 2017 - 9:10 | Макфакс

Извршниот директор на Барселона, Оскар Грау, потврди дека каталонскиот клуб на својот најдобар играч, Лионел Меси ќе му понуди доживотен договор.

Аргентинскиот фудбалер во јули постигна договор за потпишување на новиот четиригодишен договор, но сѐ уште не го потпишал.

Грау на годишниот состанок на клупските челници истакнал дека на Меси ќе му биде понуден сличен договор каков што минатиот месец потпиша Андрес Иниеста.

„Меси потпиша четиригодишен договор во јуни годинава, но клубот ќе му понуди да потпише доѓивотен договор“, рекол Грау.

„Замислата е Лео, кој тука дојде како дете, да остане во Барселона до крајот на животот, бидејќи е клупска икона. Откако ќе ја заврши кариерата сакаме да остане поврзан со клубот“, дополнил Грау.

Меси на 14-годишна возраст пристигна во Барселона, а од дебито во првиот тим константно ја пишува клупската историја. Аргентинецот со клубот осум пати бил шампион на Шпанија, пет пати го освоил Купот на Кралот, а четирипати триумфирал во Лигата на шампионите. Како играч на Барселона петпати ја освоил „Златната топка“.

Коментирај