Барселона подготвува доживотен договор за Меси

Барселона, 19 јули 2018 (МИА) - Барселона подготвува доживотен договор за својата ѕвезда Лионел Меси. Новиот договор на аргентинскиот играч ќе биде понуден на почетокот од 2019 година или најдоцна следното лето, тврди „АС“.


 
На 21 февруари, во интервју за телевизискиот канал „Блумберг“, претседателот на Барселона, Хосеп Марија Бартомеу навести дека Меси ќе добие уште еден договор со клубот пред да ја заврши својата кариера.
 
Од 2005 година, аргентинскиот фудбалер осум пати го обновуваше договорот со Барселона.
 
Првото обновување на договорот на Меси беше во 2005 година, кога имаше 18 години и потпиша со клубот до 2010 година. Второто продолжување на договорот на аргентинскиот фудбалер се случи во септември истата година.
 
Третото продолжение на договорот на Лео се случи во 2007 година по неговиот познат хет-трик против Реал Мадрид. Тогаш веќе беше проценет на 150 милиони евра.
 
Со доаѓањето на Пеп Гвардиола во 2008 година, Меси повторно потпиша нов договор со клубот.
 
По освојувањето на тројната титула со Барселона во 2009 година, Аргентинецот го обнови договорот со Каталонците. Тој се обврза со тимот до 2016 година, а неговата клаузула за ослободување достигна 250 милиони евра.
 
Во декември 2012 година, Меси по шести пат го обнови договорот. Неговата плата изнесуваше 12 милиони евра.
 
Лео по седми пат го обнови договорот со Барселона пред Светското првенство во Бразил и тоа за плата од 20 милиони евра.
 
Меси за последно го продолжи својот договор со Барселона во текот на летото на 2017 година, а официјално стави потпис под новиот договор со клубот на 25 ноември. Неговата плата е рекордни 39,4 милиони евра.
 
Барселона е решена да го задржи Меси до крајот на кариерата и клубот е подготвен да ги исполни сите барања на аргентинскиот фудбалер. Каталонците подготвуваат доживотен договор за Лео, кој е сличен на договорот што Андрес Иниеста го потпиша со тимот. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе