Барселона сака да го назначи Чави на тренерската позиција

Барселона има намера да го назначи поранешниот играч од средниот ред на клубот Чави за главен тренер. Каталонците се надеваат дека ќе успеат да ги средат сите детали во текот на денешниот ден, пренесува телевизијата El Chiringuito.

Некои од играчите на каталонскиот фудбалски великан веќе разговарале со 41-годишниот стручњак.

Чави најголемиот дел од кариерата го одигра за Барселона (1998-2015) и има освоено 25 трофеи со клубот, вклучувајќи четири победи во Лигата на шампионите и осум титули во шпанското првенство. Во 2015 година се пресели во Ал-Сад, а во 2019 година ја започна својата тренерска кариера во катарскиот клуб и освои седум трофеи со тимот, вклучувајќи го и првенството.

Ноќеска, главниот тренер на Барселона Роналд Куман беше отпуштен по поразот од Рајо Ваљекано. Претходно Барса загуби на домашен терен од Реал Мадрид (1:2) во Класико.

Тимот со 15 освоени бодови на 10 натпревари се наоѓа на 9. место на табелата во Ла Лига. Во Лигата на шампионите Барса има три бода од можни девет и го зазема третото место во групата.

реклама

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе