Барселона со поддршка до каталонските политички затвореници

Фудбалскиот гигант објави официјално соопштение со кое ја осудува одлуката на Врховниот суд кој им додели драстични затворски казни на борците за независност на Каталонија.

„Барселона, како еден од водечките ентитети во Каталонија, а во согласност со својата историска значајност, за одбрана на слободата на изразување и правото на одлука, денес, по одлуката за осудување издадена од Врховниот суд во врска со отворените процеси против каталонските цивилни и политички лидери, изјавуваме дека:

Во истиот случај кога превентивното притворање не помогна да се реши конфликтот, така нема ни оваа затворска казна изречена денеска, бидејќи затворот не е решение.

До решение за конфликтот во Каталонија мора да се дојде исклучиво преку политички дијалог.

Покрај тоа, сега повеќе од никогаш, клубот бара сите политички лидери да отпочнат процес на дијалог и преговори за да се реши конфликтот, кој би требало и да донесе ослободување на осудените цивилни и политички лидери.

Барселона исто така дава целосна поддршка и солидарност до семејствата на оние лишени од сопствената слобода.“

Веднаш на поддршката се приклучи и Жерар Пике кој е докажан агитатор за независност на Каталонија. Тој не пропушта прилика да настапи за непризнаената репрезентација на Каталонија за која досега има 10 настапи и на која ѝ е дозволен само еден натпревар годишно.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Фудбал

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Read more

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Read more
 

Спорт

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Читај повеќе

Кардиф: Штетата поради смртта на Сала изнесува 120 милиони евра

Читај повеќе