Барселона за Гризман го дава Гомеш и 100 милиони евра

Управата на Барселона подготвила план како ова лето во своите редови да го доведе одличниот напаѓач на Атлетико Антоан Гризман, а клучна улога ќе игра португалскиот играч за врска Андре Гомеш, на кого деновите во Каталонија му се изброени.

Гомеш уште овој јануари сакаше да го напушти клубот заедно со Арда Туран, Хавиер Маскерано и Рафиња, но не успеа да го привлече вниманието на ниту една друга екипа.

На тој начин Португалецот беше присилен да остане во Барселона, која следното лето сака да го искористи како дел од договор за трансфер на Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

Каталонците наводно се подготвени на адреса на Атлетико да го испратат Гомеш плус 100 милиони евра во замена за одличниот француски голгетер.

За потсетување, Барселона го плати Гомеш дури 35 милиони евра, а неговата моментална вредноста на трансфер маркетот изнесува 22 милиони.

Оваа сезона забележа 21 настап во дресот на Барселона, но најчесто добива шанса од клупа и во тие натпревари забележа само една асистенција.

Нема сомнение дека Гризман би бил супер засилување за Барса, која иако го доведе Кутињо, очигледно не се откажува од желбата конкуренцијата во нападот да ја направи пеколна.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фудбал

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Read more

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Read more

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе