Бартомеу откри: Нема шанси Нејмар да се врати во Барселона

Претседателот на Барселона Жозеп Марија Бартомеу изјави дека нема никакви шанси Нејмар да се врати во каталонскиот клуб и додаде дека во оваа година и пол откако заминал од Барса, бразилскиот фудбалер ниту еднаш не покажал желба да се врати.

Бројни европски и светски медиуми веќе со месеци пишуваат за тоа дека Нејмар кон крајот на оваа сезона би можело да се врати во Барселона, а некои отидо до таму што пишуваа дека дел од трансферот со кој Нејмар би се вратил во Шпанија би бил неговиот соиграч од репрезентацијата и сегашен играч на каталонскиот клуб, Филипе Кутињо.

Бартомеу откри дека од заминувањето на Нејмар од Барселона повеќе пати разговарал со него, но дека ниту тој, ниту некој од неговото опкружување никогаш не рекле дека сака да се врати во Барса.

„Зборував со Нејмар неколку пати во оваа година и пол откако замина во ПСЖ, но ниту тој, ниту некој од неговото опкружување никогаш не рекле дека сака да се врати во Барселона. Нејмар никогаш не повикал некој од челниците на клубот за да разговара на таа тема, тој има договор со ПСЖ, ова му е втора сезона во клубот и тешко дека ќе се согласи да биде продаден летово“, рече Бартомеу.

Покрај тоа, претседателот на Барселона откри дека од досега непозната клаузула во договорот на Нејмар, клубот нема никакви шанси да го врати овој играч во своите редови.

„Ние сме во хендикеп во однос на останатите клубови поради таа клаузула во договорот, тука сме немоќни и поради тоа е невозможно да се очекува дека Нејмар ќе се врати во Барселона“, заврши тој.

Нејмар премина од Барселона во ПСЖ во 2017 година со трансфер вреден неверојатни 222 милиони евра, што е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.

Бразилецот во јануари ја обнови повредата на зглобот, поради што го пропушти првиот натпревар на ПСЖ во осмина финалето од ЛШ против Манчестер Јунајтед, а точниот датум за неговото враќање на терен не е познат.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Read more

Ел Класико се сели во САД

Read more
 

Спорт

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе