Претседателот на Барселона откри дека преговорите со Интер за трансфер на напаѓачот Лаутаро Мартинес во моментов не се ни водат.
Интер и Барселона периодов не држат преговори за долго најавуваниот трансфер на Аргентинецот. Претседателот на Каталонците, Жузеп Марија Бартомеу, во интервју за емисијата „Onze“ на TV3 даде објаснување за тоа што во моментов се случува.
„Кога станува збор за Лаутаро, преговорите се ставени во мирување во овој момент. Со Интер зборувавме пред некоја недела. Сега сме во фаза кога правиме анализи“, рече Бартомеу.
Откри и дека овој преоден рок нема да биде како порано, со одлед на кризата заради коронавирусот која го погоди и фудбалскиот свет.
„Наредниот трансфер период ќе биде многу специфичен. Големите клубови ќе имаат лимитирани буџети поради економските проблеми, но Барса секогаш ќе биде главен играч на пазарот“, смета претседателот.
Во меѓувреме формата на Лаутаро падна после паузата.