Баскирото не му кревал на Манчини, мислел му ѕвонат од телешоп

Филип Здравески
/ 30.05.2023 / 19:38

Малку недостасувало дефанзивецот на Лече да си го упропасти деби повикот во репрезентацијата на Италија откако на селекторот прво не му кревал слушалка, а потоа мислел дека некој го зафркава.

Играчите на Лече ретко ги има во репрезентацијата на Италија. Особено не играч што сезонава прв пат на свои 26 години игра во Серија А, а претходно само во пониските лиги. Но, Федерико Баскирото живее во бајка, бајка во која тешко почнал да верува.

„По победата кај Монца застанавме во Милано да прославиме и синоќа (понеделникот) ручав со мојот агент. Излегував од продавница и ми заѕвоне телефонот“, раскажува Баскирото во емисијата „Cronache di Spogliatoio“.

Со победата во неделата на гостувањето кај Монца екипата на Лече и математички си осигура опстанок и играње во Серија А и наредната 2023/2024 сезона.

„Бројот не ми беше во контактите па помислив дека некој ме бара за да ми честита или дека нешто сакаат да ми продадат. Си помислив: 'Ако е нешто важно, ќе се јават пак'“.

На негово големо изненадување, навистина било нешто важно, нешто многу важно - повик што секој фудбалер сонува да го добие.

„По две минути заѕвоне истиот број, па одговорив. 'Баски, овде Мистер'“.

Во Италија тренерите и селекторите ги нарекуваат Мистер, па и тие самите неретко го користат тоа име за самите себе.

„Можам да го препознаам гласот на Марко Барони (тренерот на Лече, заб. на прев.), секој ден зборувам со него. Можеше да биде некој мој поранешен тренер, па прашав: 'Кој Мистер?', а тој рече: 'Мистер Манчини'“.

Дефанзивецот на Лече не можел да поверува: „Ох, Мистер, извинете...“

„Сакам да ти честитам за изборениот опстанок и да ти кажам дека си повикан за натпреварите од Лигата на нации. Дали си слободен да ни се придружиш?“, прашал Манчини.

URL

Во јуни цела Европа ќе игра квалификации за ЕУРО 2024, освен четирите победници на групите во Лигата на нации кои ќе играат фајнл-фор за да се добие новиот шампион. Меѓу нив е и Италија која на 15-ти против Шпанија во Енсхеде, Холандија, ќе брка пласман во големото финале.

„Јас?! Слободен? Кажи ми кога и каде и ќе дојдам ако треба и пеш!“, одговорил изненадениот Баскирото.

Централниот дефанзивец Федерико Баскирото, кој по потреба може да игра и како лев или десен бек, сезонава одигра 36 натпревари во Серија А од досегашните 37 (последното коло е викендов). Постигна и 3 гола, а еднаш и асистираше. Во Лече дојде минатото лето од редовите на Асколи за само 280 илјади евра, а неговата вредност сега е 8 милиони.

Познат е по тоа што многу  внимава на својот физички изглед. Праклтикува посебна исхрана, а редовно вежба.

Роден е во малото гратче Изола дека Скала, на 20 километри југоисточно од Верона. Почнал во блискиот Лењано, од каде заминал во Кремонезе. Судбината го шетала низ нисколигашите, па така тимот од Кремона го позајмувал на Серењо, Форли, Кунео и Вигор Карпането, пред конечно да се откаже од него. Во 2019 година доаѓа во третолигашот Витербезе, каде две сезони се истакнува со добри игра, па се изборува за трансфер во Асколи. Таму, овој пат  во Серија Би, игра уште една одлична сезона и прави трансфер во Лече. Тешко дека Лече летово ќе го задржи, иако има договор до 2015 година...

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Фудбал

Откриено колку Салах заработува неделно од сите договори

Read more

Ви реков да не се грижите - Мурињо среќен по победата над Фрозиноне

Read more

Во вторник почнува продажбата на влезниците за ЕУРО 2024 - најевтините се 30 евра

Read more

Несекојдневна ситуација во Серија А: Главниот судија го фати грч

Read more
 

Спорт

Откриено колку Салах заработува неделно од сите договори

Читај повеќе
  • play_arrow

Ви реков да не се грижите - Мурињо среќен по победата над Фрозиноне

Читај повеќе

Во вторник почнува продажбата на влезниците за ЕУРО 2024 - најевтините се 30 евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Несекојдневна ситуација во Серија А: Главниот судија го фати грч

Читај повеќе

ВАР судиите кои го оштетија Ливерпул добија само два дена казна

Читај повеќе

Кениецот Киплагат победи на Скопскиот маратон, Дарио Ивановски го освои 3. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиер лигата призна: На Ливерпул му е поништен чист гол - објаснувањето е лудо

Читај повеќе

Над 11 илјади натпреварувачи од 53 држави денеска го трчаат скопскиот маратон

Читај повеќе
  • play_arrow

Канело го претепа противникот и ја одбрани титулата

Читај повеќе