Филмот Baywatch базиран на популарната телевизиската серија доби нов трејлер пред летната премиера во светските кина.
Остварувањето треба да понуди добра забава и акција, а покрај главните улоги на Зек Ефрон и Двејн Џонсон, треба да се појават и ѕвездите од оригиналната серија - Дејвид Хаселхоф и Памела Андерсон.
Режијата е на Сет Гордон, а фимот ќе изобилува со акција, престрелки, експлозии и неизоставните забавени сцени од трчање на плажа.