Филм & ТВ

BBC ќе прави документарна ТВ-серија за Грета Тунберг

12. февруари 2020 - 19:02 | Б.С.Б.

BBC ќе биде продуцент на документарна телевизиска серија за младата шведска еколошка активистка Грета Тунберг.

Програмата ќе го следи меѓународното залагање на младата Грета за зачувување на животната средина и нејзините состаноци со истакнати научници и политички лидери. Во серијата ќе бидат прикажани и некои моменти од нејзиниот живот, на пример кога ги пишува нејзините остри говори кои сега молскавично се шират низ светот, стои во соопштението на BBC.

Седумнаесетгодишната Грета стана портпарол на генерација загрижена поради климатските кризи од кога почна да организира протести пред шведскиот парламент во август 2018 година. Таа стана олицетворение на еколошки загрижените млади луѓе и поттикна милиони да се ангажираат.

Таа учествуваше и на Самитот на ОН за климатските промени каде им се обрати на светските лидери.

„Климатските промени се веројатно најважната тема во нашите живот. И затоа е соодветно да се направи серија која истражува научни податоци зад таа комплексна тема“, сметаат од BBC Studios.

Коментирај