Филм & ТВ

„Beauty and the Beast“ веќе сруши пет рекорди на боксофисот

20. март 2017 - 10:55 | А.С.

Најновиот филм на „Disney“ викендов веќе заработи 170 милиони долари на киноблагајните во САД и 180 милиони долари глобално, поставувајќи неверојатни пет рекорди на боксофисот.

„Beauty and the Beast“ го држи рекордот за најголема заработка во првиот викенд од премиерата на домашен и на странски пазар за PG rated филм, надминувајќи го Finding Dory.

Исто така има седма најуспешна премиера, веднаш зад последниот Хари Потер филм, како и најдобра премиера за филм со женска главна улога.

Успехот на филмската адаптација на истоимениот анимиран филм од 90-тите се чини конечно ќе ги замолчи критиките против „Disney“ поради одлуката на филмското студио да внесе геј лик во филмот: Ле Фу кој е заљубен во негативецот Гастон.

Како што беше очекувано, „Kong: Skull Island“ падна на второ место викендов со заработка од 28,8 милиони долари во вториот викенд од премиерата.

На трето место е „Logan“ со 17,5 милиони долари. Сагата за Вулверин со Хју Џекман уште добро котира на пазарот и досега има заработено 184 милиони долари само во САД.

Хорор-трилерот „Get Out“ е на четврто место со 13,2 милиони долари, а топ пет ги заокружува „The Shack“ со заработка од 6,1 милиони долари.

Целосната листа на филмови со најголема заработка овој викенд изгледа вака:

1. „Beauty and the Beast“ – 170 милиони долари

2. „Kong: Skull Island“ – 28,8 милиони долари

3. „Logan“ - 17,5 милиони долари

4. „Get Out“ - 13,2 милиони долари

5. „The Shack“ - 6,1 милиони долари

6. „The LEGO Batman Movie“ – 4,7 милиони долари

7. „The Belko Experiment“ – 4 милиони долари

8. „Hidden Figures“ – 1,5 милион долари

9. „John Wick: Chapter 2“ – 1,2 милион долари

10. „Before I Fall“ – 1 милион долари

Коментирај