Свет

Бебе почина по обрежување во домашни услови во Италија

25. март 2019 - 14:33 | А.С.

Петмесечно машко бебе почина од срцев застој откако неговите родители му направиле обрежување во домашни услови, во нивниот дом во Реџо Емилија, северна Италија.

Бебето било пренесено во болница во Болоња поради проблеми со срцето и набрзо потоа било прогласено за мртво.

Локалните власти отворија истрага против родителите на бебето кои се по потекло од Гана.

Во сличен случај, лани во декември почина двегодишно дете по неуспешно обрежување во мигрантски центар во Италија.

Во Италија се прават околу 5.000 обрежувања годишно, а повеќе од една третина од нив се прават нелегално. Во јавните здравствени институции во Италија не се препорачува обрежување, а во многу од нив докторите одбиваат да ја изведуваат оваа постапка пред да наврши детето четири години .

Многу имигранти во Италија стигнуваат од земји со мнозинско муслиманско население каде обрежувањето на машките деца е вообичаено.

Иако се работи за релативно едноставна медицинска процедура, сепак постои ризик.

Од друга страна, постојат докази дека обрежаните мажи имаат помал ризик да се заразат со ХИВ вирусот. Најголеми ризици од обрежувањето се крварење и инфекција, особено ако се изведува од нестручно лице или во несоодветни услови.

Коментирај