Живот

Бебе родено во метро во Париз доби бесплатно возење до 25 години

19. јуни 2018 - 11:28 | М.Д.

Компанијата на парискиот градски сообраќај (RATP), соопшти дека бебе родено во неделата во метро, ќе добие бесплатно возење во француската престолнина додека да наполни 25 години.

Оваа компанија на својот профил на Twitter соопшти дека бебето е родено во метро во центарот на Париз, поради што тој ден беше прекинат сообраќајот на линијата А.

Спасувачите се погрижија за мајката и бебето и ги префрлија во најблиската болница, пренесуваат тамошните медиуми.

Веста околу изненадувачкото раѓање на ова бебе прикажана е на екраните на париското метро.

Од компанијата RTP упатија срдечни честитки кон мајката на бебето, а потоа на Twitter објавија дека сообраќајот е нормализиран.

Голем број на Парижани го поздравиja раѓањето на бебето на социјалните мрежи, а некои од нив, коментираа и дека подарокот кој го доби од RTP и не е толку добра вест, бидејќи јавниот превоз во Париз често е во прекини поради штрајкови и други инциденти.

Коментирај