Бегалци од Сирија преправени во одбојкарски тим се обиделе да излезат од Грција

Атина, 23 септември 2019 (МИА) - Облечени во исти тренерки, со торбици и две топки во рацете, преправени во одбојкарски тим, 10 бегалци од Сирија со украдени пасоши се обиделе авионски од Грција да стигнат во Цирих, jави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштуваат дека на атинскиот аеродром биле уапсени 10 лица кои со оригинални странски пасоши, но издадени на други луѓе и пријавени за изгубени или украдени, се обиделе да патуваат во европска земја.

-За да ги измамат полициските власти и да го избегнат нивното внимание, дојдоа заедно, облечени во иста спортска облека за да личат на одбојкарски тим, со исти спортски ранци, како и со две одбојкарски топки. Меѓутоа, при извршената полициска контрола, беше констатирано дека не припаѓаат на некој спортски клуб и нивната цел беше нелегално да ја напуштат нашата земја, користејќи ги горенаведените патни исправи, соопштуваат од грчката полиција и додаваат дека уапсените биле изнесени пред јавен обвинител.

Потпретседателот на сојузот на полициски службеници од областа југоисточна Атика, Илиас Вредас, преку неговиот Facebook профил упати честитки до неговите колеги и откри дека бегалците од Сирија имале оригинални украински пасоши, а нивната крајна дестинација била Цирих. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе