Бегаше од полиција, ќе завршеше в река
Пијан возач во Русија бегаше од полицијата, но една кривина не успеа убаво да ја фати и за среќа заштитната ограда го спречи да заврши во реката Мојка.
Случката е од Сант Петербург. Кога полицијата му сигнализирала да застане, тој забрзал и потерата низ центарот на градот почнала. Возачот и покрај превртувањето не се здобил со повреди, но имал високо ниво на алкохол во крвта.