Свет

Бегство низ огнената стихија: Објавена снимка од апокалипсата во Калифорнија

10. ноември 2018 - 13:45 | А.С.

Во чудовишниот пожар што ја зафати сојузната американска држава Калифорнија досега загинаа девет луѓе, а десетици се водат за исчезнати.

Четворица изгореле во нивните автомобили во обид да се евакуираат од огнената стихија. Поради страшните изгореници уште не е можна идентификација на жртвите.

Една жителка на Парадајс, градот што е целосно уништен во пожарите, објави снимка како бега од огнената стихија. Глетката потсетува на сцена од апокалиптичните филмови.

Брин Перот Четфилд ја објави снимката на социјалната мрежа Facebook со коментар:

„Се чувствувам многу ранливо заради оваа снимка, но сметам дека морам да ја објавам. Мојот роден град Парадајс гори. Моето семејство е евакуирано на безбедно. Но не се на безбедно сите мои пријатели. Ова е надреално.“

Коментирај