Со ширењето на епидемијата со COVID-19, болниците во Бејрут и Либан веќе беа на раб на колапс.

Сега болничкиот персонал и капацитети се соочени со илјадниците повредени во завчерашната катастрофа што го потресе Бејрут и светот.

Во вторникот вечерта се случија две силни експлозии во Бејрут при што загинаа најмалку 135 луѓе, а повредени се повеќе од 4.000. Спасувачките тимови сè уште се на терен и се обидуваат да ги пронајдат и спасат преживеаните.

Точната причина за експлозиите во Бејрут уште не е позната. Се знае само дека на местото на експлозијата имало складирано амониум нитрат.

Либан веќе поминуваше низ најлошата економска криза по граѓанската војна, а тензиите беа на високо ниво, со улични демонстрации против Владата.

Дописничката на BBC Керолајн Хевли објаснува како Бејрут и цел Либан со децении влегуваат од една криза во друга.