Бејрут по експлозиите, низ фотографии
Најмалку 100 луѓе починаа, над 4.000 се повредени и стотина се исчезнати по разорните експлозии на пристаништето во Бејрут, главниот град на Либан. Се стравува дека сè уште има луѓе заробени под урнатините, пренесе Guardian.
Последиците од експлозиите се катастрофални. Градоначалникот Марван Абуд изјави дека повеќе од 100 луѓе се водат за исчезнати, а меѓу нив има и неколку пожарникари. Експлозијата била толку силна што е почувствувана дури и во Кипар. Бејрут е во шок, а социјалните мрежи се преполни со трогателни сцени.
Претседателот Мишел Аун прогласи три дена жалост и изјави дека владата ќе им даде финансиска помош на загрозените. Војниците сè уште трагаат по преживеани, болниците се оштетени и преполни со повредени луѓе.