Бектеши: Ако поскапи водата за пиење, нема поддршка за комуналните претпријатија

Ако јавните комунални претпријатија ја зголемат цената на водата за пиење, веќе нема да добиваат државна поддршка, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој на прес-конференција во Владата потсети дека овие претпријатија веќе користат субвенционирана струја и затоа ги повика јавно да кажат зошто бараат да поскапи водата за пиење.

Бектеши информира дека веќе се доставни барања од општините да продолжи субвенционираната струја за јавните комунални претпријатија и училиштата.

– Има барање од општините да продолжи субвенционираната струја за јавните комунални претпријатија и училиштата. Ги повикувам тоа да го направат преку ЗЕЛС или друго здружение, да достават барање до Владата и согласно анализите, кога ќе има простор, ќе им излеземе во пресрет. Подготвени сме обврските што ги имаат да ги покриеме, но, јавно да излезат и да кажат пред граѓаните зашто бараат поскапување на водата за пиење. Моментално користат субвенцинирана струја. Ако ја поскапат водата, нема да има подддршка од Владата, а ако не ја поскапат, поддршката ќе продолжи, подвлече Бектеши.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе