Бектеши: Нема да барам од сестра ми да го напушти работното место

Скопје, 20 февруари 2019 (МИА) – Министерот за економија Крешник Бектеши порача дека не чувствува морална одговорност и нема да побара од неговата сестра да го напушти работното место во АД МЕПСО, бидејќи не е вработена во Министерството за економија, полнолетна е, не живее со него, мажена е и сама одлучува за својот живот. Морална одговорност би чувствувал единствено ако се утврди дека влијаел за некое вработување, но гарантира дека тоа не го направил за никој од своите роднини.

-Не сум влијаел да се вработи во МЕПСО и немам право да барам да се повлече од работното место. Како што немав влијание при вработувањето на мојата сестра во МЕПСО, така не би требало да имам влијание и да побарам да се повлече или да не се повлече од работното место. Тоа ќе биде нејзина одлука. Како што не влијаев да се вработи, немам право да и кажам каква одлука да преземе за нејзиниот статус, изјави Бектеши во одговор на новинарско прашање по отворањето на тематската јавна расправа за предлог законот за енергетска ефикасност во Стопанската комора на Македонија.

Тој нагласи дека во демкратија не може да се очекува од лицата кои ги водат институциите во земјава да се мешаат во одлуките на нивните роднини што сакаат да работат и во која насока ќе се движи нивниот живот. Наведе дека во Министерството за економија не е вработен ни еден од неговите роднини.

На прашањето дека во меѓувреме во АД ЕЛЕМ се вработила Нертила Усеини Каба, сопругата за братот на неговата сопруга, Бектеши одговори дека нема никаква карвна поврзаност меѓу нив, тој живее во Скопје, а таа во Струга и посочи дека немал можност да влијае на нејзиното вработување исто како што немал и за вработувањето на сестра му.

-Во надлежност на Министерството за економија со новото решение е само Македонски енергетски ресурси. Другите енергетски компании не се во надлежност на Министерство. МЕПСО е во надлежност на Министерството за транспорт и врски, а ЕЛЕМ во надлежност на Владата, потенцира Бектеши и додаде дека вршителите на јавни функции секојдневно би требало да даваат објаснување ако од нив се бара да кажат за вработувањето на „четврто, петто и седмо колено и за жената на братот на жената на министерот“. 

реклама

Македонија

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more
 

Вести

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе