Бектеши: Очекувам оваа сезона да имаме странски гости

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека смета оти оваа сезона во земјава ќе има странски турсти, посочувајќи дека при почетокот на мај ќе се започне со промоција на нашата држава.

– Јас мислам дека ќе имаме странски гости сезонава. Што се однесува до нашите домашни капацитети ние веќе при крајот на овој месец ќе го објавиме јавниот повик за поттикнување на домашен туризам кој веќе две години го реализираме како Минстерство за економија. Дополнително на тоа ја разгледуваме можностата да ги вклучиме и туристичките агенции да можат да издаваат одредени ваучери кои ги издава Министерството за економија или пак да бидат посредници за нашите граѓани и за нашите туристички објекти и на таков начин директно да им помогнеме. Дополнително на тоа работиме со стопанските комори за одредена промоција на нашата држава која ќе почне при почетокот на мај, значи во тие одредени држави каде што ние и претходно или традиционално сме имале странски туристи, но и таму каде што анализите ни покажуваат дека има потенцијал за да поттикнеме странски туристи, истакна Бектеши, при гостувањето во ТВ Сител.

Министерот за економија во однос на ваучерите за туризам, кои беа споменати, посочи дека нивната вредност ќе биде уште поголема.

– Вредноста ќе биде уште поголема, а дополнително на тоа ќе биде за сите тие вработени со ниски приходи. Ако има потреба секако дека сумата ќе се зголеми, но истовремено и граѓаните опфатени во програмата ќе бидат зголемени, рече Бектеши. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Read more

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more
 

Вести

В недела посебен сообраќаен режим во Скопје поради атлетска трка

Читај повеќе

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе