Стил

Бела Хадид е најубавата жена на светот, тврдат научници

16. октомври 2019 - 14:00 | М.С.

Манекенката Бела Хадид е најубавата жена на светот според едно најново научно истражување, пишуваат британските медиуми.

Димензиите на нејзиното лице со „точност“ од 94,35 отсто одговараат на пропорциите за совршеното женско лице.

Нејзините очи, веѓи, нос, усни, образи и обликот на лице се совршени според пропорциите за убавина поставени од старите Грци.

Листата на најубавите жени ја состави хирургот Џулијан де Силва кој изјави дека симетријата на нејзиното лице е најблиска до совршенство.

Група научници кои го истражуваат женското тело до најситни детали, ја прогласија Бела за најубавата жена на светот. 

На второто место е Бијонсе, а на третото е актерката Амбер Херд.

Во топ десет најубави жени се и Аријана Гранде, Тејлор Свифт, Кејт Мос, Скарлет Јохансон, Натали Портман.

Коментирај