Белоглавиот мршојадец Сунчица се врати на Балканот

Македонското еколошко друштво (МЕД) соопшти дека по 5 месеци зимување на Блискиот Исток, светскиот патник Сунчица се врати на Балканот.

Во 2019 година заедно со Фондот за дива флора и фауна, на Сунчица и уште неколку други  белоглави мршојадци од Грција и Македонија им беа ставени GPS предаватели.

„Овие предаватели се обид да се следи и спречи нивното труење на Балканот. Труењето е една од најголемите закани за популациите на мршојадци чии бројки стрмоглаво опаѓаат. Патувањата на Сунчица ги следевме со многу возбуда бидејќи таа направи импресивна ‘прошетка’ сѐ до Блискиот Исток. Иако нејзиниот истражувачки лет сега се чини успешен, не беше сѐ лесно за овој млад мршојадец“, стои во објавата на МЕД.

Патувањето на Сунчица

На почетокот на октомври 2019 година Сунчица беше пронајдена во Берово прегладнета, преморена и неспособна за лет. Асоцијацијата за заштита на животните Про-Анима од Берово нѐ повика за помош и до крајот на октомври Сунчица беше ослободена на Витачево од каде таа замина на исток. За жал, во средината на ноември таа повторно беше во неволја, но беше забележана блиску езерото Вистонида во Грција. Младата птица не можела да најде соодветна храна и повторно беше прегладнета и истоштена. Сунчица беше префрлена во Солун каде ветеринарен тим се грижеше за неа до декември. Од декември 2019 до октомври 2020 таа леташе над Источните Родопи и Централен Балкан а потоа полета кон Црното Море и следејќи го брегот ја помина Турција и одлета кон Ирак и Иран. Шест месеци подоцна Сунчица е назад на Балканот летајќи на небото над Западна Бугарија.

Од октомври 2020 Сунчица има прелетано 18.732км! Растојанието од нејзината почетна точка до местото каде најдалеку одлета е 2.800 км. Ова патување е уште поимпресивно ако земеме во предвид дека е ова првата миграција на младата Сунчица.

Следењето на Сунчица е дел од мониторингот кој го прават неколку организации во проектот Балкан детокс. Целите на овој проект опфаќаат подигање на свесноста за последиците и зајакнување на националните капацитети за борба против илегално труење на диви животни, кое на Балканот е одговорно за намалување на популациите на многу загрозени видови. Проектот има и ново лого, кое го потенцира ужасот на илегалното труење преку користењето на стилизираниот череп, но истовремено покажува и надеж бидејќи отровот се празни – постигнувајќи ја така нашата цел да направиме „детокс“ на Балканот од оваа опасна закана.

Македонското еколошко друштво (МЕД) е здружение на граѓани, активно во областа на екологијата и заштитата на животната средина. МЕД своите цели и задачи ги остварува преку спроведување и учество на проекти, како и организирање научни и стручни собири.

Покрај научноистражувачката дејност, МЕД работи на јакнење на своите капацитети преку обучување на своите членови и создавање млади научни кадри. Со вклучување млади еколози, биолози, агрономи, шумари, технолози и други ентузијасти во научноистражувачката работа и нивно доусовршување преку различни обуки, магистерски и докторски студии во државата и надвор од неа, МЕД помага кон формирање млади кадри кои во иднина би се справувале со предизвиците на полето на екологијата, заштитата на животната средина и природата.

МЕД издава научни и популарни изданија од областа на екологијата и заштитата на животната средина. Соработува со други организации и членува во бројни домашни и меѓународни здруженија и асоцијации.

Македонското еколошко друштво организира меѓународни собири и конференции во нашата земја поврзани со заштитата на животната средина и тоа во соработка со признаени меѓународни организации и фондации.

реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе