Глумењето на суперхерој кој се бори за правда мора да е толку напорно, што го натерало Бен Афлек да се впушти во „криминални активности“. Тој во шоуто на Стивен Колберт даде признание кое е нетипично за Бетмен.
Бен Афлек на гостувањето во „The Late Show“ на Стивен Колберт призна дека морал да „украде“ неколку реквизити од сетот на „Justice League“, бидејќи не му давале да ги задржи за себе.
Сепак, Афлек не успеал да се извлече така лесно, па студиото Warner Bros. му испратило сметка за сето она што го „позајмил“ од сетот на филмскиот блокбастер, „Justice League“.
Инсертот се наоѓа на 06:14 од видеото.
„Очигледно бет-бумерангот не е евтин“, рече Бен Афлек.
„Justice League“ е еден од најочекуваните филмови оваа година, и тој пред себе ја има тешката задача да се искупи пред фановите за неговиот претходник, „Batman v Superman“, кој имаше многу лош прием кај светската публика.