Алжирскиот играч од средниот ред го пофали влијанието на Швеѓанецот при играта на Милан.
Исмаел Беннасер на шега вели дека Златан Ибрахимовиќ има толку голема желба за играње што може да го убие оној кој нема да му додаде во тек на натпревар.
„Тој многу ни помага. Со него на терен едноставно сакаш да направиш повеќе, не ни помислуваш да изгубиш топка“, вели Алжирецот за Sky Sport Italia.
„Мора да даваш сѐ од себе бидејќи тој се стреми кон перфекција. А, пак, ако не му подадеш, ќе те убие. Таков е, но е во право. Праведно е да се дере кога ќе згрешиш и да не каже ништо кога ќе одиграш добро. Така учиш и стануваш играч од високо ниво“.
Ибра во средата постигна два гола и еднаш асистираше во победата на Милан од 4:1 над Сампдорија на гости. Откако се врати во Милан во јануари тој одигра 17 натпревари и постигна 9 голови. Претходно за Милан играше од 2010 до 2012 постигнувајќи 56 голови на 85 натпревари, а освои Скудето и Суперкуп.