Бентанкур суспендиран на 7 натпревари за изјавата дека сите Корејци изгледаат исто

Макфакс/Кајгана
/ 18.11.2024 / 13:14

Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентагкур е суспендиран на 7 натпревари и казнет со 100.000 фунти поради изјавата дека „сите Корејци изгледаат исто“.

Во интервјуто што го даде за уругвајската телевизија во јули, Бентагкур рече дека сите луѓе од Јужна Кореја изгледаат исто.

За тоа сега стигна казната што му ја изрече Фудбалската асоцијација. Водителот на емисијата го праша Бентагкур дали може да му го набави дресот на Сон Хјон-мин, на што стигна одговорот:

„На Сони? Може да е и на братучед на Сони, сите изгледаат исто“.

Околу таа изјава започна цела лавина, но Сон по неколку дена на социјалните мрежи напиша дека го прифатил извинувањето на Бентагкур и дека е сигурен дека никогаш намерно нема да каже нешто навредливо.

Дали имал намера или не, тоа не го интересира Фудбалската асоцијација. За прекршување на забраната за навредлив говор, Бентагкур е казнет со суспензија од 7 натпревари, што Тотенхем сигурно ќе се жали.

„Родриго Бентанкур го негираше ова обвинение, но независната регулаторна комисија утврди дека тоа е докажано и ги наметна неговите санкции по сослушувањето“, се вели во соопштението на ФА.

Жалбата не ја одложува казната, но истата не важи за натпреварите кои ги игра Тотенхем во Европа.

27-годишниот фудбалер нема да се врати на премиерлигашките терени до 26 декември, а ќе ги пропушти натпреварите против Манчестер Сити, Ливерпул и Челси, меѓу другите, плус четвртфиналето на Спарс во Лига Купот против Манчестер Јунајтед.

Бентагкур оваа сезона одигра 15 натпревари за Спарс во сите натпреварувања.

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Рецепт за освежителен сок од цвет од багрем

Read more

Фудбал

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Read more

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Read more

Римското дерби конечно доби термин: В недела точно на пладне!

Read more

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Read more
 

Спорт

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Читај повеќе

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Читај повеќе

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Читај повеќе

Римското дерби конечно доби термин: В недела точно на пладне!

Читај повеќе

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Читај повеќе

Истрага ќе го одложи плејоф финалето за пласман во Премиер лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Читај повеќе

УЕФА го казни Фенер: Пријавиле дека му плаќаат на Актурколу по 35 евра месечно

Читај повеќе