
Bentley е познат по својот врвен ентериер, додека компанијата Savile Row од Лондон се прослави благодарение на производството на врвни одела. Сега овие два бренда се здружија со продавницата Huntsman и заеднички создадоа автомобили што ги комбинираат нивните квалитети.

Bentley Bentayga Extended Wheelbase и Continental GTC Speed Huntsman Edition се два модела со ограничено издание и ќе бидат произведени во само пет примероци. Како бонус, купувачите на овие автомобили ќе добијат сопствено сако од Huntsman.

Одделот за персонализација на Mulliner се занимава со опремувањето на автомобилот, а свој придонес даде и креативниот директор на Huntsman, Кембел Кери.

Huntsman обезбедува ткаенина за внатрешноста со саќе шевови, а логото на брендот е на потпирачите за глава и чергичињата.

Bentayga EWB Huntsman Edition го започнува својот живот како модел Azure, сите примероци се обоени во бургундска металик боја, имаат бандажи од 22 инча со десет краци, а во внатрешноста ја добиваат Airline Seat Specification, која вклучува седишта со 22 режима на прилагодување.

Continental GTC Speed Huntsman Edition е обоен во светлосива сатенска нијанса и опремен со пакет Blackline Specification што го затемнува надворешниот хром. Овој модел е украсен со 22-инчни тркала со десет краци со сјајна црна завршница.

Ова не е прва соработка на Bentley со Huntsman, бидејќи компаниите соработуваа и на посебен модел Bentayga во 2019 година.



