Bentley ги претстави „најнапредните автомобилски седишта во историјата“

Најсовремената технологија има за цел да обезбеди кралска удобност и навистина успева.

Станува збор за Bentley и неговиот систем Airline Seat Specification кој моментално се нуди исклучиво на продолжениот Bentayga EW (Extended Wheelbase). Bentley вели дека ова се „најнапредните седишта некогаш инсталирани во автомобил“.

Имајте на ум дека зборуваме за задните седишта. Тие се прилагодливи во дури 22 насоки преку посебно прилагодување на поединечните сегменти, од површината за седење до потпирачот за глава. Има и електрично контролиран потпирач за нозе кој излегува од потпирачите за грб на предните седишта, а корисникот може да смета на системот за климатизација и масажа, кој го обезбедуваат 12 електромотори и три контролирани пневматски единици.

Верувале или не, во развојот на овие седишта учествувале и киропрактичари,  со цел да дизајнираат систем кој ќе овозможи оптимална положба, но и остатокот од телото на патникот. Беа создадени алгоритми за управување со 177 различни промени на притисокот на шест независни зони. Со тоа се постигнува ефект на регенерација и релаксација на телото додека возите.

А кога зборуваме за клима, на системот сега му требаат само 25 милисекунди за да открие промена на влажноста и температурата од 0,1 степени. Во зависност од потребата се активираат греењето, ладењето и проветрувањето на седиштата, а нивното управување се врши преку една од седумте достапни програми за работа. Во исто време, една програма служи за намалување на телесната температура доколку патникот има покачена телесна температура.

И, конечно, да кажеме дека и покрај високата цена на автомобилот, овој систем се испорачува исклучиво како опционална дополнителна опрема.

Тагови
реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе