Авто новости

Bentley го претстави моќниот, а штедлив Contintental GT V8

20. март 2019 - 16:45 | К.З.

Британската автомобилска компанија Bentley ги претстави двете верзии на новиот модел Continental GT V8 – купе и кабриолет. Од компанијата велат дека моделот Continental GT V8 доаѓа со моќен, но штедлив мотор кој ќе ги изненади сите купувачи.

Continental GT V8 доби значителни подобрувања во однос на претходните верзии на овој модел, а најзначителна од нив е 4.0-литарскиот V8 твин-турбо мотор.

Новиот модел на Bentley располага со 550 коњски сили, а според фабричките спецификации тој забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди, додека неговата максимална брзина е 318 км/ч. Оваа верзија има иста максимална брзина како и онаа со W12 мотор, но забрзува нешто побавно.

Меѓутоа, Bentley ветува „возбудливи перформанси“ но и поголема економичност благодарение на системот на деактивирање на цилиндрите. Целиот процес се заснова на гасење на четири цилиндри, а во текот на возењето тоа трае само 20 секунди. Тоа му овозможува на автомобилот автономија повеќе од 800 километри.

Bentley Continental GT V8 е достапен во седум стандардни бои и седум различни бои на покривот и внатрешноста, како и девет различни модели на алуминиумски фелни со големина од 20 до 22 инчи.

Коментирај