Bentley Bentayga Hybrid сега има поголема моќност, подолг дострел и два нови пакети опрема.

Надградениот хибриден теренец од Crewe доби поголема моќност, подолг електричен опсег и два нови пакети на опрема кои се преземени од моделот без хибридна технологија.
Под хаубата се наоѓа истиот 3,0-литарски V6 мотор со хибридна технологија во комбинација со електромотор од 100 kW, исто како и минатата година. Сепак, разликата е во батеријата, бидејќи Bentayga Hybrid сега има батерија со капацитет од 18 kWh наместо 13 kWh, а со тоа и електричниот опсег е зголемен од 40 на 43 km.

Исто така, има зголемување на моќноста за 6%, така што погонската единица сега испорачува 456 наместо 443 КС.
Bentayga Hybrid нуди уште два пакета опрема за моделската 2023 година, а тоа се S и Azure. Hybrid S носи поагресивен изглед и перформанси, суспензијата е поцврста, контролата на тракцијата е поагресивно поставена во Sport режимот, а има и нов издувен систем кој произведува „подлабок“ звук. Стандардниот Blackline пакет има сјајна црна наместо хромирани надворешни детали.

Bentayga Hybrid Azure подразбира поголем луксуз, стандарден е пакетот Comfort на предните седишта, кој овозможува 22 начина на електронско прилагодување на предните седишта, а има и можност за греење и ладење. Кожата ја краси шевот во облик на дијамант. Клиентите можат да изберат помеѓу 15 бои на кожа и три дрвени облоги.

Двата пакета опрема ќе бидат достапни кога моделот за 2023 година ќе пристигне во салоните. Цената сѐ уште не е објавена.
