Bentley враќа во живот уште еден свој легендарен модел

Bentley има намера да го врати во живот својот легендарен модел и да го направи дел од својата колекција наречена Heritage Collection.

Bentley е производител на автомобили со историја од повеќе од 100 години, што значи дека има многу генерации на историски модели.

За да му оддаде почит на своето минато, компанијата спроведе голем број проекти за реставрација, вклучувајќи го и S3 Continental Flying Spur од 1961 година, кој доби електричен погон.

Bentley во најновиот проект го „оживува“ својот прв модел од серијата Т, кој е претходник на модерниот модел Flying Spur и има намера целосно да го реставрира.

Автомобилот е произведен на 28 септември 1965 година и бил во сопственост на компанијата и служел за развој.

Тимот на Bentley го најде во неисправна состојба по години стоење во магацин и го поправи неговиот V8 мотор кој проработи за првпат по 15 години.

V8 се појави во 1959 година со доаѓањето на Bentley S2, а дизајнот на овој мотор беше толку сигурен што беше подобрен и произведен пет децении. Неговата кулминација беше моторот Muslanne Speed, кој развива 537 КС и 1.100 Nm вртежен момент.

Реставрацијата започна во 2016 година со демонтирање на делови од каросеријата и лакирање. Проектот беше стопиран поради фокусирање на плановите за електрификација, но сега е обновен. Компанијата предвидува дека ќе биде завршен во следните 18 месеци.

Намерата на експертите на Bentley е да го одржат автомобилот што е можно пооригинален, вклучувајќи ја и неговата оригинална Shell сива боја на каросеријата и внатрешноста покриена со сина кожа.

Кога ќе биде завршен, моделот од серијата Т ќе биде непроценлив колекционерски примерок.

Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе