Фудбал

Бензема ја доби наградата за најдобар француски фудбалер во странство

21. мај 2019 - 9:59 | МИА
Мадрид, 21 мај 2019 (МИА) – Напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема објави фотографија со наградата за најдобар француски фудбалер надвор од земјата.

Бензема не можеше во неделата да присуствува на церемонијата во Париз, каде што им беа додели наградите на најдобрите играчи, тренери и судии оваа сезона.

За наградата конкурираа и Пол Погба, Иго Лорис, Н’Голо Канте и Антоан Гризман.

Коментирај