Бензема со една реченица бил избркан од репрезентацијата

Карим Бензема изјави дека никогаш повеќе нема да настапува за Франција. Откако поради повреда го пропушти Светското првенство во Катар и по бројните наводи дека е скаран со Дидје Дешан, напаѓачот на својот 35 роденден одлучи никогаш повеќе да не игра за француската репрезентација.

Бензема поради повреда отпадна од листата, но закрепна до нокаут-фазата. Но, и покрај тоа, Дешан не го повика во Катар. По овој потег, Бензема, кој минатата година по 6 години се врати во репрезентацијата, одлучи да се збогува.

Напаѓачот на Реал Мадрид е непожелен за повеќето играчи, а францускиот новинар Ромен Молина откри дека неколку фудбалери се израдувале што Бензема го напушта репрезентативниот камп во Доха.

Дешан му наредил на докторот да го избрка Бензема

Како што минува времето, се појавуваат се повеќе детали за токсичната атмосфера во кампот на француската репрезентација додека во неа беше Бензема. Вечерта кога и официјално е соопштено дека Бензема е повреден, во неговата соба влегле Дешан и докторот Франк Ле Гал. Токму докторот на репрезентацијата добил задача да му каже на Бензема да го напушти кампот.

URL

„Жал ми е Карим, но мора да си заминеш“ е реченицата што Ле Гал ја изговорил, а Дешан ништо не кажал.

Бензема не сакал да направи сцена, мирно се спакувал и заминал за Мадрид. По  неколку дена докторот му се јавил и му кажал дека добил наредба од Дешан да го отстрани од екипата.

Потоа Бензема одбил каков било контакт со селекторот и екипата, па го одбил и повикот на претседателот Макрон да присуствува на финалето меѓу Франција и Аргентина.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе