Бензема удри по Жиру: Јас сум формула 1, тој е картинг

Напаѓачот на Реал го понижи својот француски колега велејќи дека тој е како картинг кој не може да се споредува со него кој е формула.

Карим Бензема е исфрлен од француската репрезентација од 2015 година, па не беше дел ни од освојувањето на Мундијалот во Русија. За разлика од него, Оливје Жиру е стандарден репрезентативец и нормално, светски шампион.

Во меѓувреме, Бензема освои 4 титули во Лигата на шампионите, но проблематичниот карактер и натаму го држи надвор од репрезентацијата.

Бензема беше гостин во емисија на францускиот комичар Тома Н'Жижол во живо на Instagram кога беше прашан да направи споредна на него со Жиру.

„Не може да споредувате Ф1 со картинг. Дури и сум нежен со зборовите. Тој си има своја кариера, го прави она што го сака и дава голови кои сака да ги даде. Тој живее во негов свет, јас во мој и не ни мислам на него. Доколку зборуваме за стил на игра, неговиот ѝ одговара на Франција. Тоа е затоа што таму се брзи играчи како Мбапе и Гризман кои играат во широчина и го хранат со топки центарфорот. Кога Жиру е напред, тој е опколен од дефанзивци, а тоа им дава простор на другите двајца да покажат што можат“, рече Бензема.

„Тој ги држи дефанзивците и тоа му успева. Можеби не е убаво на око и никој нема да каже 'Wow, тоа е неверојатно'. Дали на некој му се допаѓа неговиот стил? Не знам, ама ете ѝ одговара на Франција“.

Она што го зборува Бензема за стилот на игра на Жиру е вистина. Жиру играше и кога Франција стана светски шампион во 2018, но цело Светско не постигна ниту еден гол. Затоа пак во квалификациите за ЕУРО 2020 постигна 6 голови.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе