Бензините поскапуваат, а дизелот поевтинува

Скопје, 4 ноември 2019 (МИА) – Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за половина до еден денар, а дизел горивата поевтинуваат за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 отсто.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар и ќе изнесува 67,5 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за еден денар и ќе чини 70 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за половина денар и ќе изнесуваат 61,5, односно 50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,302 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 33,134 денари.

Како причина за новите цени на нафтените деривати од РКЕ ја посочуваат промената на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа зголемувањето кај бензинот во просек за околу 2,18 отсто и намалувањето за околу 1,5 отсто кај дизелот и за 1,94  отсто кај екстра лесното масло, како и за 0,29 отсто повисокиот курс на дорларот во однос на денарот. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе