ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Бербатов: Срце ме боли кога гледам како Ливерпул доминира

Бугарската легенда призна дека не му е сеедно гледајќи како Ливерпул доминира во Премиер лигата на сметка на неговите поранешни клубови.

Димитар Бербатов беше гостин на Sport Klub каде заедно со поранешниот шведски фудбалер Бојан Џорџиќ разговараше пред натпреварот помеѓу Тотенхем и Ливерпул. Како што се гледа на видеото, тој изненади со неговиот српски.

„Манчестер Јунајтед 7 години нема титула во Премиер лигата, а тоа е многу. Ако продолжи вака ќе стане како Ливерпул кој чека 30 години. Тоа не би било добро за никој. Ливерпул лани ја освои Лигата на шампионите, а оваа година според мене ќе ја освои и Премиер лигата. Јас потоа ќе престанам да гледам, не можам да гледам како Ливерпул доминира, срце ме боли. Но, мора да се каже дека играат одлично“, рече Бербатов.

Поранешниот бугарски репрезентативец кариерата ја почна во ЦСКА од каде во 2001 се пресели во Баер Леверкузен каде за 6 сезони постигна 91 гол.

Наредните 8 сезони ги мина на Островот. Почна со Тотенхем играјќи од 2006 до 2008 кога се пресели во Манчестер Јунајтед каде се задржа најмногу, до 2012. Во наредните сезона и пол го носеше дресот на Фулам пред да замине во Монако на почетокот од 2014. Кариерата ја заврши во 2018 во индискиот тим Керала Бластерс.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе