Бериша: Грабежот на аеродромот во Тирана е предизборна кражба организирана од државата

Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша коментирајќи го грабежот на 10 милиони евра на меѓународниот аеродром во Тирана, обвини дека станува збор за предизборна кражба, организирана од самата држава.

– Ова е предизборна кражба, организирана од одредени сегменти на државата. Со идентично сценарио од 2016 година. Со државен банкрот. Со извонредна прецизност што може да се постигне со учество на аеродромските безбедносни елементи од Управата за цивилна воздушна пловидба. Тоа е сценарио на државата. Нема криминалци во светот кои може да организираат идентично сценарио по вторпат, обвини Бериша во гостување на тиранската телевизија Ора њуз.

Тој смета дека во врска со грабежот нема да биде уапсено ниту едно лице, туку дека државата ќе исценира некој сторител, кому ќе му даде 100.000 евра и ќе го осуди на две години затвор, па ќе го ослободи.

Групата разбојници, чиј точен број уште е предмет на шпекулации, влетала на пистата и со ПП апарат го скршила предното стакло на блиндираното возило на банка од Тирана и потоа ги грабнала вреќите со пари.

Веднаш во потрага се вклучиле припадниците на единицата за брза интервенција РЕНЕА. Недалеку од аеродромот, во спореден пат разбојниците биле забележани по што отвориле оган кон полицијата. Во меѓусебната престрелка убиен е еден од разбојниците. Останатите разбојници успеале да ѝ избегаат на полицијата.

Во потрагата се вклучени и дополнителни полициски сили од Драч, Лежа, Пешкопеја, припадниците на специјалната единица „Ренеа”, како и еден хеликоптер. Албанската војска вчера ја презеде контролата врз аеродромот во Тирана.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе