Беркоу: Брегзит е најголемата грешка на Велика Британија по војната

Лондон, 6 ноември 2019 (МИА) – Доскорешниот спикер на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркоу изјави дека одлуката за излегување на земјата од ЕУ ја смета за најголемата грешка на Велика Британија по војната.

„Ако сакате чесен одговор – не мислам дека тоа ѝ помогна на Велика Британија. Верувам дека многу години наназад бев праведен кон приврзаниците на Брегзит, давајќи им право да поставуваат екстремни прашања и да почнуваат итни дебати, како и кон противниците на Брегзит. Избрав да се направат исправки во тронскиот говор ( владината програма) за спроведување на референдумот за членство во ЕУ, затоа што тоа беше легитимен предлог и многу пратеници се потпишаа под предлогот. Бев праведен со сите, бев непристрасен на својата функција. Но, веќе не сум на функцијата и не сум должен да останам непристрасен“, рече Беркоу.

„Доколку ме прашувате дали Брегзит е во наш интерес, чесниот одговор е не. Брегзит го сметам за најголемата надворешнополитичка грешка во повоениот период”, рече спикерот, кој од функцијата се повлече на 1 ноември и денеска зборуваше пред членовите на Лондонската асоцијација за странски дописници.

Беркоу забележа дека ја почитува позицијата на премиерот Борис Џонсон и неговото право како лидер на најголемата партија во парламентот да ги брани своите ставови.

„Но, мое лично мислење е дека Брегзит не одговара на нашите интереси. Ние сме дел од политичкиот блок, трговскиот блок. И мислам дека е подобро да останеме дел од политичкиот блок“, рече Беркоу.

Спикерот Џон Беркоу одигра клучна улога во многу ситуации поврзани со Брегзит. Често пати против волјата на владата им даваше зелено светло на измените, што беа предложени од претставници на различни политички погледи. Самиот Беркоу е една од најпознатите политички фигури во Велика Британија, во голем степен благодарение на неговиот личен шарм и остроумност. 

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе