Во големата сала на познатото берлинско кино „Бабилон“, со доделувањето на наградите заврши третото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа SEE .
Интернационалното жири во состав: Манфред Ајхел – филмски критичар од Германија, Нела Луциќ актерка од Рим и Лоран Балаш Имре режисер од Унгарија ги додели следниве награди: Најдобра женска улога – Наташа Дорчиќ од Храватска за улогата во филмот „Ти ме носиш“, најдобра машка улога – Донат Ќосја од Косово за улогата во „Доме сладок доме“, најдобра режија – Бујар Алимани од Албанија за филмот „Хром“, а за најдобар филм беше прогласен „Убијци на тркала“ од Унгарија.
Покрај ова, беа доделени и наградите на интернационалното младинско жири.
За најдобар актер и актерка беа прогласени Горан Хајдуковиќ и Лана Бариќ од хрватскиот филм „Ти ме носиш“, најдобра режија – Бујар Алимани за филмот „Хром“, а за најдобар филм беше прогласен „Доме сладок доме“ во косовско-македонска копродукција.
Фестивалот продолжува во Париз, кога на 31 мај ќе почне седмото издание на SEE a Paris 2017.