Берлин можеби ќе стане град без автомобили –дали може Скопје да го следи примерот?

Се очекува следниот месец да биде донесена одлука дали главниот град на Германија ќе стане град без автомобили.

Граѓанската иницијатива Berlin Autofrei (Берлин без автомобили) лани предложи план за ограничување на автомобилите во рамките на S-Ringban (кружна железничка линија околу внатрешноста на градот), чија цел ќе биде да се добие најголемата област без автомобили на светот. Ако биде усвоен предлогот, ќе биде опфатена површина од 88 квадратни километри, oбјави Der Tagesspiegel.

Целта на иницијативата Berlin Autofrei е да се забрани користење на приватните автомобили во центарот на Берлин, а таму ќе смеат да се движат само возила на итните служби, камионите на јавното комунално претпријатие, такси возила, возила за достава. Специјална дозвола за движење со возило во оваа зона би добиле и жителите со ограничена мобилност.

„Целта на кампањата е да се осигура јавните улици на Берлин да бидат правично распределени, здрави, безбедни, погодни за живеење и еколошки. Бидејќи градските власти сè уште не презеле активности и мерки за да се остварат овие квалитети, моравме да ги искористиме нашите демократски алатки“, велат од Berlin Autofrei.

Досега тимот има собрано над 50.000 потписи за поддршка на кампањата, па што берлинскиот Сенат мора да ја разгледа идејата, а дали ќе ја прифати и претвори во закон, ќе биде решено следниот месец. Ако иницијативата биде одбиена, групата најави дека ќе се обиде да собере 175.000 потписи, со што за идејата Берлин без автомобили ќе можат да гласаат сите жители во 2023.

На оваа вест реагираа од НА ТОЧАК, група ентузијасти со цел подобро велосипедско Скопје.

„За споредба, површината на урбаниот дел од Скопје изнесува 88 квадратни километри, а површината на единствената зона која се планираше да стане пешачка - Мал Ринг  (зоната меѓу булевар „Гоце Делчев“, ул. „Филип II Македонски“ и ул. „Даме Груев“) изнесува само 0,55 квадратни километри“, напишаа тие на Facebook.

„Се разбира дека за да се размислува за зони со минимална употреба на автомобили, еден град треба да има развиен јавен превоз и развиена велосипедска мрежа. И се разбира дека натака треба да се движиме во приоритетите“, се вели понатаму во објавата.

Лошите практики како алфалтирање на автоцентрични улици, без специјални ленти за јавен превоз, без велосипедски патеки и со окупирани тротоари, плоштади и паркови со автомобили, преголемата употреба и присуство на автомобили во градовите ги прави неквалитетни за живеење, велат од НА ТОЧАК и додаваат дека квалитетот на живот во градовите не се подигнува со давање уште повеќе простор за автомобилите, со поплочување зелени површини за паркинг плус.

„Квалитетот на живот во градовите се подигнува со одземање привилегии на автомобилите и создавање простор за луѓето“, велат тие и апелираат да се следат позитивните тенденции, како иницијативата за Берлин.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе