Берлинале: Приказната за штипјанката што скокна по крстот ја возбуди филмската критика

Берлин, 10 февруари 2019 (МИА) – Македонскиот филм „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, што е во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал, денеска во 9 часот беше прикажан пред новинарите и филмската критика. Проекцијата беше проследена со аплауз, а прес-конференцијата предизвика голем интерес кај новинарите.

На бројните прашања одговараа режисерката Стругар Митевска, продуцентката и актерка Лабина Митевска, актерката Зорица Нушева и сценаристката Елма Татарагиќ.

Оваа приказна е снимена по веродостоен настан што се случил во Штип, кога жена скокнала по крстот за Водици во река, предизвика лавина од прашања за позицијата на жената во малите средини и воопшто за севкупниот менталитет на малите средини.

„Овој вистински настан беше за мене голема провокација да го сработам на филм. Тука приказната е повеќеслојна и отвора многу прашања за македонското општество. Ликот на Петрунија е сложен и оваа хероина со нејзиниот пркос се обидува да ја смени свеста и погледот на нештата заробени во традиционалните рамки, рече Стругар Митевска на денешната прес-конференција“, јави известувачот на МИА од Берлин.

За актерка Зорица Нушева која првпат се појавува на големото платно, било лесно да се игра Петрунија бидејќи таа препознала многу сличности во карактерот.

„Голем предизвик беше да се одигра Петрунија. Таа е олицетворение на храбра жена која се обидува да ја смени својата позицијата во односот на семејството и институциите“, рече Нушева.

Премиера на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ е закажана за денеска во 16 часот, а за време на Берлинскиот филмски фестивал се организирани осум проекции.

Сценариото е на Стругар Митевска и Елма Татарагиќ, а во улогите покрај Нушева играат и Мони Дамевски, Суад Беговски, Стефан Вусиќ, Џевдет Јашари, Виолета Шапковска, Лабина Митевска. Директор на фотографија е Вирџини Сент-Мартен, а сценографијата е на Вук Митевски.

Филмот од македонска страна е поддржан од Агенцијата за филм, а во копродукција се Словенија, Хрватска и Белгија. Филмот доби поддршка од повеќе европски фондови меѓу кои „Еуроимаж“ и програмата на Кретивна Европа МЕДИА.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Филм & ТВ

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе